(ВИДЕО) Погба тренира во дрес на Јувентус

Од:

Играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Пол Погба, ја покажа својата поддршка за еден од неговите соиграчи во француската репрезентација Блеиз Матуиди, кој боледува од коронавирус.

Матуиди е втор случај на заразен фудбалер во Јувентус, откако централниот дефанзивец Даниеле Ругани даде позитивен тест. Иако самиот Матуиди рече дека е во добра здравствена состојба, Погба ја покажа својата човечка страна.

Халфот на Јунајтед сподели клип на својот официјален профил на Инстаграм, во кој игра фудбал облечен во дрес на Јувентус, со бројот и името на неговиот сонародник. Во видеото е прикажан тренингот на Погба со Виктор Линделоф, кој, пак, покажува сочуство кон Албин Екдал од составот на Сампдорија, на кого исто му е дијагностициран коронавирус.

Би можело да ве интересира

Јувентус бара замена за Душан Влаховиќ

Предраг Петровиќ

За Милан против Јувентус ќе брани 41 годишен голман

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО )Навивачите на Јувентус упаднаа на теренот со порака: Не го сакаме Лукаку

Предраг Петровиќ

УЕФА: Јувентус исфрлен од Конференциската лига

Чистка во Јувентус, во текот на ноќта пречкртани четворица фудбалери

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Општа тепачка по дербито на Јувентус и Интер

Предраг Петровиќ