ВИДЕО: Победничкиот крик на Роналдо

Од:

Најдобриот светски фудбалер Кристијано Роналдо по обраќањето на присутни на церемонијата на доделување на „Златната топка“ во Цирих испушти крик предизвикувајќи реакција кај повеќето од присутните во салата.

– Мојот врисок? Играчите знаат дека секогаш кога ќе постигнам гол или ќе победиме, така реагирам. Тоа е наш победнички крик, објасни Роналдо.

Португалецот до третата „Златна топка“ и втора по ред стигна убедливо со 20% повеќе гласови во однос на конкурентите Лионел Меси и Мануел Ноер.

Ѕвездата на Реал Мадрид додаде дека ја очекувал наградата со оглед на одличната сезона и постигнувањата во 2014 година.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ