(ВИДЕО) Победа на фудбалерите против Велс

Од:

Македонската фудбалска репрезентација вечерва на арената Филип Втори пред десетина илијади гледачи славеше со 2:1 против селекцијата на Велс во рамките од квалификациите за пласман на Мундијалот во Бразил во 2014 година.

Нашиот национален состав офанзивно го започна натпреварот и со голот на Тричкови во 20. минута поведе со 1-0.

Ибраими изведе слободен удар најснаодлив пред голот на Велс беше Иван Тричковски , радост на Филип Втори Македонија води со 1-0.

Во 27 минута капитенот Пандев од 10 метри без резулат се обиде да го совлада по втор пат вечерва голманот на велс Мајхил.

Една минута подоцна Крег Белами од слободен удар го матира нашиот голман, но ја погодува стативата на немоќниот Пачовски.

Велс сепак успеа да го израмни резулат во 38 минута од пенал. Откако судијата Саша Кефер од Швајцарија наседна на потегот на Арон Ремзи кој по дуелот со Тричковски во шеснаесетникот падна барајќи пенал.

Сигурен егзекутор на најстрогата казне е фудбалерот на арсенал Арон Рамзи , велс ирзмнува на 1-1.

Огромна радост на трибините донесе Александар Трајковски кој во 80. минута погоди за конечни 2:1 и втора победа на нашите во А групата.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ