ВИДЕО: Навивачите на Левски го соблекоа новиот тренер

Од:

Голем скандал се случи на промоцијата на новиот тренер на фудбалскиот клуб Левски од Софија, Ивајло Петев кој беше буквално соблечен од група навивачи на клубот.

Десетици навивачи упаднаа на вчерашната прес-конференцијата на која Петев се појави во дрес и тренерка со клупските обележја на Левски и почнаа да му викаат на новиот тренер да ја соблече, а еден од „непоканетите гости“ почна да го соблекува.

Незадоволство кај навивачите на Левски произлегува од нивните сознанија дека новиот тренер бил голем навивач на ривалскиот клуб ЦСКА Софија.

Прес-конференцијата беше прекината, но не и соработката на клубот и Петев.

И двете страни се решени да истраат во нивната намера и покрај негодувањата на најжестоките навивачи на Левски.

Управата на бугарскиот клуб во текот на вчерашниот ден го отпушти Славиша Јокановиќ и го назначи Петев за негов наследник.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ