ВИДЕО: Минимален пораз од Хрватска

Од:

Македонската фудбалска репрезентација со пораз ги почна квалификациите за СП 2014, вечерва од Хрватска на Максимир загуби со 1:0.

Јелавиќ само што влезе во игра во првиот допир со топката постигна гол во 69. минута. Модриќ го пронајде Манџукиќ, а играчот на Баерн со глава го проигра Јелавиќ, кој го матира немоќниот Богатинов.

До крајот „коцкестите“, знаеја да ја задржат предноста и да ги прокнижат првите три бода во групата А.

Останува горчлив вкус, бидејќи заслуживме бод, а по трет пат Хрватска не доби само со еден гол разлика. Во вторник гостуваме на Хемпден парк против Шкотска со надеж за поволен резултат.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ