ВИДЕО: Меси замолкна соиграч кога почна да пее песна навредлива за Бразил и Пеле

Од:

Лионел Меси е херојот на Аргентина, откако успеа да ѝ го донесе трофејот во Копа Америка на неговата репрезентација, и тоа во дуел со лутиот ривал Бразил. Но, снимките од прославата на играчите уште на теренот, открија интересен детаљ: аргентинскиот капитен веднаш реагираше кога неговиот соиграч Родриго Де Паул почна да пее позната навивачка песна во која се навредуваат Бразилците и нивната легенда Пеле.

Кога слушна што се пее, Меси го промени изразот на лицето и само се сврте кон Де Паул и му кажа: „Не, не“, покажувајќи му одречно со прстот.

По долгогодишните критики за слабите игри во дресот на репрезентацијата, Меси на овој турнир го освои трофејот што му недостасуваше, инаку негов прв со националната селекција.

Би можело да ве интересира

„Тајм“ го прогласи аргентинскиот фудбалер Лионел Меси за спортист на годината

Горан Наумовски

Новиот, можеби последен, дуел меѓу Меси и Роналдо во февруари во Саудиска Арабија

Хјустон го победи Интер и го освои УС Опен Купот, Меси натпреварот го следеше од трибините

Телохранителот на Меси доби интересна бизнис понуда

Телохранителот на Меси има нова функција додека трае натпреварот

Меси: Интер Мајами може да го освои финалето на Лига купот