Лос Анџелес Лејкерс победи со 109:108 како гостин на Мемфис во натпревар од НБА. Ова е седми последователен успех на Лејкерс, откако Леброн Џејмс заврши со 30 поени за победниците, а Ентони Дејвис додаде уште 22.
„Кралот“ им донесе предност на гостите со својот прецизен шут на 1.30 минути пред сирената, а „гризлите“ пропуштија да го решат натпреварот во своја корист, откако го имаа последниот напад 1,3 секунди пред крајот.
Дебитантот Џеј Морант постигна 26 поени за Мемфис, а соиграчот Џеј Краудер постигна 21 поен.