Јокиќ со петти трипл-дабл сезонава, конечно победа за Вориорс

Од:

Во кошаркарската НБА лига се одиграа десет натпревари со релативно очекувани резултати, а можеби најголемото изненадување го приреди ослабениот Далас со триумфот во Филаделфија.

Џамал Мареј со 28 поени и Никола Јокиќ со својот петти трипл-дабл сезонава, а 33-ти во кариерата, беа најзаслужни за победата на Денвер. Центарот Јокиќ, кој има 24 години, е најмладиот на листата од десет кошаркари со најмногу трипл-дабли во историјата на НБА.

За Голден стејт заврши серијата од пет порази по ред, „воините“ го надиграа Њу Орлеанс во дуелот на двете најслаби екипи на Западот.

Резултати од натпреварите играни ноќта петок кон сабота: Кливленд – Мемфис 114:107, Индијана – Сакраменто 119:105, Бостон – Детроит 114:93, Торонто – Вашингтон 122:118, Мајами – Њујорк 129:114, Оклахома сити – Феникс 1126:108, Филаделфија – Далас 98:117, Денвер – Минесота 109:100, Портланд – Орландо 118:103, Голден стејт – Њу Орлеанс 106:102.

Би можело да ве интересира

Дејвис ќе паузира најмалку еден месец

Ол-стар натпреварот во Индијанаполис 2021 година може да не се одржи

А1он

Дејвис со 46 поени ги предводеше Лејкерс до триумф над Њу Орлеанс

Ленард: Навивачите што ме исвиркуваа всушност ме сакаат

Поранешниот комесар на НБА е во критична состојба

„Елените“ ги прегазија Каваи и Клиперс