(ВИДЕО) Кер: Ги гледав кошаркарите на Србија како плачат, ужасно се чувствував, направија се

Од:

Кошаркарите на САД во луда партија ја победија Србија со 95:91 и се пласираа во финалето на Олимписките игри. Србите водеа речиси цел натпревар, од четвртина во четвртина го зголемуваа водството, но на крајот САД одиграа фантастични последни 10 минути и стигнаа до победа вредна финале, каде ќе играат против Франција. Србија ќе се бори за бронза против Германија.

Селекторот на САД Стив Кер даде изјава по натпреварот. „Србија беше брилијантна, чест ми е што бев дел од овој натпревар. Ова беше еден од најдобрите натпревари во мојот живот. Им кажав на нашите тренери дека ова ќе биде најтешкиот натпревар на турнирот, го очекував токму ова.

Тој истакна дека Србија одигра совршена партија и додаде: „Секако, среќен сум што победивме. Видов некои српски играчи како плачат по натпреварот. Се чувствував ужасно бидејќи направија се, играа прекрасна кошарка“.

На прашањето дали бил загрижен за можниот пораз, Кер одговори: „Секако, да. Бев загрижен целиот натпревар. Никола Јокиќ е најдобриот кошаркар во светот, а српската репрезентација секогаш знае да игра иако оваа нивна екипа не е баш најдобра ако ја споредиме со претходните.

Но им требаа тројки вечерва и ги погодуваа. Ми се чинеше дека секој пат погодуваат важен шут. Имавме доволно време да се вратиме и да победиме. Но, беше тешко, тие беа неверојатни“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Американците ваков кошаркарски дебакл не доживеале речиси 60 години

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Германците до историска светска титула, Србија падна во финалето

Катерина Ѓуровски

Србија ја збриша Канада за финале на Светското кошаркарско првенство

Катерина Ѓуровски

Лекарот на српската репрезентацијата објасни зошто му е изваден бубрег на Симаниќ

Горан Наумовски

Теодосиќ избегна сериозна повреда, ќе пропушти 20 дена

А1он

Кокошков веќе не е селектор на Србија

А1он