ВИДЕО: Јувентус го освои италијанскиот Суперкуп

Од:

Јувентус го освои италијанскиот Суперкуп откако попладнево во Пекинг го совлада Наполи со 4:2.

Македонскиот репрезентативец Горан Пандев на овој натпревар забележа асистенција, еден гол и црвен картон.

Први поведоа фудбалерите на Наполи со голот на Кавани во 27-та минута. По десет минути игра следеше израмнување преку Азамоа, а Горан Пандев во 41-та минута постигна прекрасен гол за ново водство на Наполи.

Следуваше мирен период до 72-та минута кога Јувентус преку Видал од пенал израмни на 2:2. Во последните пет минути Наполи остана без двајца играчи. Најнапред Пандев заработи втор жолт картон и исклучување поради приговор кон помошниот судија, а истото му се случи и на Зунига откако стартуваше врз Џовинко.

Следуваа продолженија, а таму Јувентус со двајца играчи повеќе немаше проблеми па со уште два гола во мрежата на Де Сантис дојде до победата и пехарот во Суперкупот. Најнапред Маџо си постигна автогол, а подоцна Мирко Вуџиниќ ја потврди победата.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ