ВИДЕО: Јајца за лузерите – навивачите на Шалке ги „почестија“ играчите откако испаднаа од Бундеслигата по 30 години

Од:

Полицијата морала да интервенира вчеравечер во германскиот град Гелзенкирхен за да спречи поголеми инциденти, откако навивачите на Шалке 04, гневни поради тоа што нивниот тим испадна од Бундеслигата по цели три децении во елитната државна лига, тргнаа да ги „казнат“ фудбалерите.

Според полицијата, околу 600 навивачи се собрале пред стадионот, каде го чекале клупскиот автобус со играчите да се врати од гостувањето во Билефелд, на кое загубија од Арминија со 1:0. Откако автобусот пристигнал, фановите ги „почестиле“ фудбалерите со канонада од јајца.

Клубот денеска во соопштение го осуди однесувањето на навивачите.

„Одредени навивачи ја преминаа линијата која сметаме дека не смее да се преминува,“ се вели во соопштението на Шалке.

Од клубот велат дека го разбираат гневот на навивачите, но оти никогаш нема да прифатат да се загрозува безбедноста на фудбалерите и на вработените.

Би можело да ве интересира

Детали за навивачката тепачка во Осиек: Пријавени се 67 Полјаци, еден тешко повреден

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Во Дортмун се истепаа англиските и холандските навивачи

Навивачки нереди во Црна Гора: Хулигани упаднаа на теренот за време на дербито и го прекинаа натпреварот

Навивачи на „Брајтон“ се повредени и ограбени во Рим

(ВИДЕО) Снимка од навивачките нереди во Загреб: Повредени полицајци, приведени навивачи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Хаос на софиските улици: Навивачи предизвикаа „војна“ со полицијата, неколкумина се повредени