Италијанската фудбалска репрезентација пристигна во Рим со големиот европски пехар. Селекцијата на Роберто Манчини го донесе големиот континетален успех со триумфот над Англија во финалето на Европското фудбалско првенство.
Во текот на ноќта илајдници навивачи низ речиси сите градови во земјата излегоа на улиците да ја прославата втората контиентална титула за италијанската репрезентација.
Italy wins! Fans are taking to the streets to celebrate – ? @FareenKarim #Toronto #LittleItaly #EURO2020 #Italy #England pic.twitter.com/mVYEUYJbxK
— blogTO (@blogTO) July 11, 2021
За Италија ова е прва европска титула по 1968 година. Англија која го одигра првото европско финале, останува без голем трофеј по успехот на Светското првенство во 1966 година.
„Ова е неверојатно, не може да се чувствувата подобро од ова. Прекрасно е, победивме во финалето“ – велеа еуфоричните Италијанци за време на прославата.
Италија го освои пехарот победувајќи ја Англија со 3-2 по изведувањето пенали откако по регуларните 90 минути и по прдолженијата немаше победник (1-1).