ВИДЕО: Хулиган од зад грб го нападна српскиот голман кој брани за Севиља, но беше соборен

Од:

Српскиот голман, кој брани за Севиља, Марко Дмитровиќ беше нападнат на мечот од Лига Европа со ПСВ во Ајндховен

Хулиган со качулка на главата истрча на теренот и одзади го нападна Дмитровиќ. Србинот доби удар, а потоа успеа да го совлада напаѓачот и да го собори на земја.

Напаѓачот беше брзо совладан и со помош на другите играчи на Севиља, а кога обезбедувањето почна да го вади од теренот, тој за малку ќе се извлечеше и неколку пати побегна.

Марко се спаси без посериозни повреди, а сега се очекува строга казна за ПСВ како домаќин на натпреварот. Холанѓаните славеа со 2:0, но тоа не им беше доволно за да се пласираат во следната фаза од натпреварувањето бидејќи првиот меч заврши со 3:0 за Севиља.

Голманот на Севиља, Дмитровиќ, по нападот се појави пред камерите.

– Ме закачи по носот.. Точно е дека сакав да го удрам, но не е убаво – изјави српскиот интернационалец, кој и покрај нападот и помогна на Севиља да го елиминира ПСВ.

Би можело да ве интересира

Инцидент во Велс: Избодени со нож се неколку лица

Горан Наумовски

Инцидент во Виена: Тинејџер со ножици избодел другар

Горан Наумовски

Фудбалерите на Спортинг и Аталанта ремизираа во првиот натпревар од осминафиналето на Лига Европа

Нов инцидент во Турција: Одбојкарки однесени во болница по нападот на навивачите

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ги спаси сендвичот од детето-семејство на одмор нападнато од слон

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Прозорец од 21 кат падна врз мајка и бебе во количка

Предраг Петровиќ