Инцидент во Велс: Избодени со нож се неколку лица

Од:

Затворено e средно училиште во Велс. Хеликоптери кружат околу зградата. На сите ученици и вработени им беше кажано да останат мирни и да ги исклучат телефоните. Наводно, неколку лица биле избодени со нож.

Станува збор за училиштето Исгол Дифрин Аман, како што пренесуваат британските медиуми.

Се наведува и дека надвор од училиштето пристигнуваат кај родителите на децата кои останале внатре во училиштето во кое посетуваат околу 1.000 ученици.

На социјалната мрежа Х беше споделена информација дека неколку лица се избодени со нож. Репортерот на Би-Би-Си јавува дека има повеќе повредени.

Според неофицијални информации, немилиот настан се случил во училишниот двор.

Соопштено е дека околу училиштето кружат два хеликоптери, а на лице место има и неколку екипи за итна помош.

Би можело да ве интересира

Инцидент во Виена: Тинејџер со ножици избодел другар

Горан Наумовски

Нов инцидент во Турција: Одбојкарки однесени во болница по нападот на навивачите

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ги спаси сендвичот од детето-семејство на одмор нападнато од слон

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Прозорец од 21 кат падна врз мајка и бебе во количка

Предраг Петровиќ

Бизарен случај во Велс: Погребале погрешен човек, грешката на болницата откриена по три недели

Пукање во центарот на Куманово, едно лице повредено