ВИДЕО: Ги спаси сендвичот од детето-семејство на одмор нападнато од слон

Од:

Едно семејство доживеало страшно искуство додека биле на одмор во Шри Ланка. Див слон ги скршил стаклата на нивното комбе барајќи храна, пишува Би-би-си.

На видеото на социјалните мрежи, јасно може да се види како слон се движи кон автомобилот во кој се наоѓаше Касун Баснајаке и неговото семејство во Националниот парк Јала. Слонот со забот го скршил прозорецот на возачот и со сурлата пребарувал храна во внатрешноста на комбето.

„Слонот почна да ни шмрка околу нозете барајќи храна. Возачот не советуваше да му дадеме се што имаме, па му ги дадов остатоците од сендвичот на мојот син“, изјави за Би-Би-Си Касун, жител на Перт, Австралија.

Касун потоа му фрлил храна на слонот за да се спасат, а возачот потоа успеал да побегне.

„Тие сендвичи и чипс веројатно ни го спасија животот“, рече тој.

При инцидентот нема повредени.

Би можело да ве интересира

Инцидент во Велс: Избодени со нож се неколку лица

Горан Наумовски

Инцидент во Виена: Тинејџер со ножици избодел другар

Горан Наумовски

Нов инцидент во Турција: Одбојкарки однесени во болница по нападот на навивачите

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Прозорец од 21 кат падна врз мајка и бебе во количка

Предраг Петровиќ

Пукање во центарот на Куманово, едно лице повредено

(ВИДЕО) Апасиев: Терористот треба да сфати дека нема веќе играчки со Левица, ќе бидеме порадикални

Александар Тодески