ВИДЕО: Прозорец од 21 кат падна врз мајка и бебе во количка

Од:

Дел од прозорецот паднал врз мајка и дете во количка од 21 кат во Москва. Застрашувачкиот момент го снимила надзорната камера.

На видеото кое е сега објавено може да се види мајка како е наведната над количка на тротоарот, со едногодишно дете во неа. Во еден момент нејзиното внимание го привлекува продорен звук и токму кога ја крева главата, прозорецот паѓа врз неа и удира во количката.

Полицијата соопшти дека мајката и детето не се во животна опасност. Инцидентот се случил на 30 ноември нешто пред 17 часот.

Според тамошните медиуми, полицијата веднаш тргнала да го погледне станот од кој паднал прозорецот. Се испоставило дека во тој момент во станот било само десетгодишно девојче, кое мајка и го оставила да си ја заврши задачата и отишла во продавница.

Полицијата соопшти дека мајката и дететото не се животно загрозени.

Би можело да ве интересира

Инцидент во Велс: Избодени со нож се неколку лица

Горан Наумовски

Инцидент во Виена: Тинејџер со ножици избодел другар

Горан Наумовски

Нов инцидент во Турција: Одбојкарки однесени во болница по нападот на навивачите

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ги спаси сендвичот од детето-семејство на одмор нападнато од слон

Предраг Петровиќ

Пукање во центарот на Куманово, едно лице повредено

(ВИДЕО) Апасиев: Терористот треба да сфати дека нема веќе играчки со Левица, ќе бидеме порадикални

Александар Тодески