ВИДЕО: Хулиган го давеше линискиот судија

Од:

На натпреварот помеѓу Черномерец и Металист, во Украинската фудбалска лига, неодговорен навивач влета во теренот и почна да го дави линискиот судија.

Во еден момент главниот судија имаше покрај аут линијата мала расправија со еден од тренерите, кога ненадејно на теренот влета разулавен навивач и го фати за врат судијата со знаменцето.

Го туркаше така неколку чекори додека не дотрчаа полицајци и обезбедувањето на натпреварот и со заеднички сили го совладаа хулиганот. Ниту изнесувањето од теренот не беше едноставно, па така во еден момент насилникот го држеа двајца полицајци и двајца обезбедувачи.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ