ВИДЕО: Доживотна суспензија на грчки фудбалер, поради нацистички поздрав

Од:

Фудбалерот на атинскиот АЕК, Јоргос Катидис доживотно е суспендиран од сите национални селекции на Грција, бидејќи прославувајќи го голот упати нацистички поздрав, кон навивачите.

Во соопштението на Фудбалскиот сојуз на Грција се наведува дека гестот на 20-годишниот фудбалер е длабока навреда за сите жртви на нацистичката бруталност.

Катидис инцидентот го направи на натпреварот против тимот на Верије во првенството, откако постигна гол што ја доведе неговата екипа до победа, со 2:1.

Навивачите на АЕК преку соопштение побараа од управата Катидис да го исфрли од екипата, а тој се извини преку социјалните мрежи и телевизии, објаснувајќи дека не знае што значи тоа.

Тој до сега играше за младата селекција на репрезентацијата на Грција.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ