ВИДЕО: Дали Етиопија е оштетена?

Од:

Фудбалската репрезентација на Нигерија направи голем чекор кон обезбедување учество на Светското првенство во Бразил идната година, откако во првиот натпревар од баражот ја совлада Етиопија на гостински терен со 2:1.

Двоен стрелец за Нигерија беше Емануел Еменике (68. и 90. минута од пенал), а за домашните погоди Асефа Гобезе во 57. минута.

Но на овој натпревар имаше голема контроверзност, при резултат 0:0, Етиопија постигна погодок, но судијата не виде дека топката ја мина гол линијата и не беше признаен.

На другиот вчерашен дуел Тунис и Камерун одиграа нерешено 0:0.

Резултати на двете саботни средби: Буркина Фасо – Алжир 3:2 и Брегот на Слоновата коска – Сенегал 3:1.

Утре играат Гана – Египет.

Реваншите ќе се одиграат од среда до сабота.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ