ВИДЕО: Челси ја освои титулата во Лигата на шампионите

Од:

Челси е годинашниот победник во Лигата на шампионите откако го совлада Манчестер Сити со 1-0 во финалната пресметка на „Драгао“ во Порто.

Каи Хаверц е херојот на лондонските „сини“, успеа во 42.минута да го совлада Едерсон по одличната асистенција на Мејсон Маунт.

Тоа е дебитантски погодок на германскиот интернационалец во елитното европско натпреварување и го постигна во вистински момент.

Тимот на Пеп Гвардиола го доживеа само вториот пораз на последните 30 натпревари, но токму во битката за трофејот.

Томас Тухел успеа да го подигне Челси на такво ниво за да може физички да го неутрализира составот на неверојатниот тактички маг Пеп Гвардиола.

Во вториот дел, Кристијан Пулишиќ имаше одлична шанса и за втор погодок, но Едерсон излезе како победник во дуелот. Манчестер Сити остана без капитенот Кевин де Бруин по жестокиот дуел со Рудигер, а потоа Гвардиола фрли се на една карта и ги уфрли во игра Габриел Хесус и Серхио Агуеро.

Но, Челси одигра одлично во одбраната, во средниот ред царуваше Нголо Канте, а и Менди беше присебен на голот кога тоа беше потребно.

Би можело да ве интересира

Гвардиола откри што ќе направи доколку Манчестер Сити биде исфрлен од лигата

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Бизарна снимка на Етихад, ѕвездата на Сити остана без заб

Предраг Петровиќ

Вулверхемптон денеска на домашен терен го победи Манчестер Сити

Хајка во Британија поради спонзорот на Црвена Звезда

Предраг Петровиќ

Марез официјално во Ал Ахли

Белгиецот ќе го пропушти почетокот на новата сезона

Предраг Петровиќ