Белгиецот ќе го пропушти почетокот на новата сезона

Од:

Фудбалерот на Манчестер Сити, Кевин де Бруин, ќе го пропушти почетокот на следната сезона, бидејќи ја скина тетивата на финалниот натпревар од Лигата на шампионите против Интер во Истанбул.

По дополнителните прегледи, утврдено е дека повредата е посериозна отколку што првично се мислеше, па белгискиот фудбалер мора да го пропушти стартот на сезоната.

Нема да биде потребна операција, а на Кевин му е препорачано да се одмори пред да започне со рехабилитација, која е закажана за јули.

Де Бруин сигурно ќе го пропушти натпреварот против Арсенал на 6 август, како и натпреварот од првото коло во Премиер лигата против Барнли, кој е закажан за пет дена подоцна.

Тимските лекари се надеваат дека Белгиецот би можел да конкурира за место во составот за Суперкупот на Европа против Севиља, кој ќе се одигра на 16 август во Атина.

Минатата сезона играчот од средниот ред одигра 49 натпревари за Манчестер Сити во сите натпреварувања и постигна 10 голови. Минатата сезона со „Манлестер Сити“ ги освои ФА Купот, Премиер лигата и Лигата на шампионите.

Би можело да ве интересира

Гвардиола откри што ќе направи доколку Манчестер Сити биде исфрлен од лигата

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Бизарна снимка на Етихад, ѕвездата на Сити остана без заб

Предраг Петровиќ

Вулверхемптон денеска на домашен терен го победи Манчестер Сити

Хајка во Британија поради спонзорот на Црвена Звезда

Предраг Петровиќ

Марез официјално во Ал Ахли

Невидена машина за голови-Халанд на 22 години има веќе 227 гола