Невидена машина за голови-Халанд на 22 години има веќе 227 гола

Од:

Норвежанецот Ерлинг Халанд е можеби е најсовршената гол-машина која се појавила во светот на фудбалот. Бројките го потврдуваат тоа. Можеби не е најдобриот играч на светот, што е и блиску до вистината бидејќи тој сè уште не е најкомплетниот фудбалер што игра во моментов, но неговата голгетерска способност е нешто што веројатно ниту еден играч го немал.

Фактот дека со само 22 години веќе има неверојатни 227 гола на своето конто за сите клубови за кои настапувал досега, сам по себе е доволно фасцинантен.

Со двата гола против Саутемптон во саботата, односно со победата на Сити од 4-1, Халанд го зголеми својот број на голови во Премиер лигата оваа сезона на 30, а остануваат уште девет кола до крајот на сезоната а со тоа и многу можности да го подобри својот резултат. Со ваков биланс, моментот кога Норвежанецот ќе ги собори сите можни голгетерски рекорди во Англија и во светот е многу блиску.

Единствена таква закана, ако може така да се нарече, да не ја заврши сезоната како најдобар стрелец е Хари Кејн (23 гола), но головите на најсилниот напаѓачки адут на Гвардиола се далеку повисоки од само конкуренцијата со капитенот на Тотенхем.

Имено, само оваа сезона Халанд би можел да собори дури десет рекорди како во англискиот фудбал, така и на светско ниво.

На Халанд му недостасуваат само пет гола за да ги надмине Алан Ширер и Енди Кол за најмногу постигнати голови во една сезона во Премиер лигата (со 22 клуба).

Понатаму, пред Халанд е уште еден голем предизвик, можеби најголемиот од сите – да се престигне Лионел Меси по бројот на голови во една натпреварувачка година за играчи од петте најсилни лиги. Во истата сезона, славниот Аргентинец постигна дури 50 погодоци, сметајќи ги сите натпреварувања, и прилично ја подигна рампата на достигнувања, која тешко некој ќе ја надмине. Дали Халанд има доволно арсенал за да го надмине ова неверојатно достигнување на големиот Лео.

Норвежанецот исто така е на прагот да го надмине Алан Ширер со најмногу хет-трикови во една сезона. Халанд има четири и му недостига само еден за да се израмни со легендарниот стрелец на Блекбурн и Њукасл.

Исто така, Халанд веќе е изедначен за најмногу постигнати голови во една сезона во сите натпреварувања кога се во прашање играчите од Премиер лигата. Моментално е на котата 44, што еднаш цела сезона го постигна напаѓачот на Јунајтед, Руд Ван Нистелрој.

И конечно, со Халанд е загрозен рекордот на Роналдо по број на голови во Лигата на шампионите во истата сезона. Португалецот со 17 гола е валиден рекордер во елитното натпреварување, Норвежанецот моментално има 10, но со претстојните натпревари и формата што ја покажа напаѓачот на Сити, на сите им е јасно дека под закана е и овој навидум недостижен рекорд. .

Кариерата на Халанд во бројки (голови/натпревари)

Молде (20/50)
Салцбург (29/27)
Борусија Дортмунд (86/89)
Манчестер Сити (44/38)
Норвешка (21/23)

Вкупно: 200 натпревари/227 голови

Би можело да ве интересира

Можна е преселба на Халанд во Барселона

Гвардиола откри што ќе направи доколку Манчестер Сити биде исфрлен од лигата

Предраг Петровиќ

Халанд ги почести навивачите од поранешниот клуб со 15 илјади евра

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Бизарна снимка на Етихад, ѕвездата на Сити остана без заб

Предраг Петровиќ

Вулверхемптон денеска на домашен терен го победи Манчестер Сити

Хајка во Британија поради спонзорот на Црвена Звезда

Предраг Петровиќ