ВИДЕО: Барселона го освои Суперкупот

Од:

Барселона и Севилја во Тбилиси го одигра најефикасниот УЕФА Супер куп во историјата откако во регуларните 90 минути постигнаа осум погодоци, а Севилја направи чудо во второто полувреме и успеа од 4:1 да стигне до 4:4.

Банега го отвори резултатот уште во третата минута од слободен удар, а потоа на ист начин и тоа двапати се реваншираше Лионел Меси, постигнувајќи два прекрасни гола од слободен удар.

messigoal

Рафиња во 44.минута зголеми на 3:1, а Луис Суарез на почетокот од вториот дел донесе и водство од 4:1 за каталонскиот тим, Рејес во 57.минута намали на 4:2, Гамеиро од пенал најави дека Севилја може до нерешено, а новото засилување Конопљанка во 82.минута постигна погодок за 4:4 со што мечот отиде во продолженија.

_84831066_sevilla1

Сепак, во 115.минута, по слободниот удар на Лионел Меси, којшто го одбрани Бето, на одбиената топка налета Педро и ја смести во мрежата за конечни 5:4.

barcasupercup

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ