ВИДЕО: Аргентина стартуваше убедливо

Од:

Серхио Агуеро, Гонзало Игуаин и Лионел Меси беа клучни играчи во одличниот старт на Гаучосите во мундијалските квалификации во Јужна Америка.

Трите ѕвезди постигнаа по еден гол во период од 11 минути, од 20 до 31 минута за да ја наполнат мрежата на Еквадор, на крајот беше 4:0.

Анхел Ди Марија во 76 минута го постигна четвртиот гол за убедливиот страт во овие квалификации во кои не игра само Бразил, затоа што е домаќин на Следното светско првенство во 2014 година.

Јужноамериканскиот првак Уругвај стартуваше лошо со реми на свој терен против Венецуела, играјќи 1:1.

Диего Годин со автогол во 84. минута им донесе бод на гостите откако Диего Форлан во 38. минута го отври мечот.

Во третиот меч Чиле како гостин ја совлада Боливија со 2:0 со головите на Арангуиз и Видал.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ