Аргентина се изнамачи, мораше да изведува и пенали, но на крајот се пласира во полуфиналето на Светското првенство каде ќе ги одмери силите со Хрватска. Продолжува сонот на Лео Меси и друштвото за освојување на Мундијалот откако по пенали славеа со 4-3. Херој е голманот Дамијано Мартинез, кој ги одбрани првите два пенали, на Вирџил ван Дајк и на Стивен Берхуијс.
Шокантен беше мечот и во регуларниот тек. Аргентина имаше водство од 2-0 со головите на Молина и на Меси од пенал, но Холандија израмни во финишот со двата гола на Ваут Вегорст, во 83.минута и во 101.минута.