Пред почетокот на финалниот натпревар меѓу Италија и Англија на Европското првенство настана тепачка меѓу британските навивачи и полицијата.
Како наближуваше стартот на натпреварот, напнатоста растеше, а нервозата се претвори во општа тепачка со редарите пред стадионот „Вембли“.
Ситуацијата брзо беше доведена во контрола, пренесуваат странските медиуми.
England fans are now fighting with stewards at Wembley, London.
— The Left Wing Society ?? (@LeftWingSociety) July 11, 2021
Финалниот натпревар меѓу Англија и Италија почна во 21 часот, а британскиот репрезентативец Лук Шо го постигна најбрзиот гол во историјата на финалето на европските првенства. Во втората минута тој ја затресе мрежата на Италија, после само 117 секунди, со што репрезентацијата на Англија ја поведе предноста.
Шо го сруши рекордот стар 57 години, кој досега го држеше шпанскиот репрезентативец Чус Переда против Русија, кој даде гол во петтата минута на финалето на ЕП во 1964 година.