Видал не исклучува можност да замине во Интер

Од:

Фудбалерот од средниот ред на Барселона, Артуро Видал изјави дека не исклучува негово заминување од тимот на Каталонците.

– Среќен сум во Барселона, имам одлични соиграчи, но сакам да се чувствувам како важен дел од составот. Во спротивно, ќе мора да размислам за продолжување на кариерата на друго место. Јас сакам да играм. Не е неопходно да се влезе на теренот во сите натпревари, туку да се учествува во најтешките и најважните, во кои се одлучува за судбината на титулите, изјави Видал.

На прашањето дали за него се интересира Интер, тој одговори:

„Имаме одличен однос со тренерот на тимот, Антонио Конте. Тој многу добро знае дека имам менталитет на победник и дека може да ми верува“.

Пред Барселона, Видал играше за Баерн, Јувентус, Баер и Коло-Коло.

Би можело да ве интересира

Лаутаро Мартинез и Интер работат на продолжување на договорот

Тепачка меѓу навивачите на Рома и Лацио, полицијата употреби солзавец

Интер доби согласност од Павар, се чека Баерн

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

Словачкиот фудбалер ке го облече дресот на клубот од Париз

Италијанскиот фудбалски репрезентативец Давиде Фратези е нoв играч на Интер