Весникот „Л’Екип“ објави најголемо издание на светот

Од:

Познатиот француски спортски весник „Л’Екип“ објави денеска специјално издание посветено на Олимписките игри во Лондон, чии димензии се 80х60 сантиметри и тоа, како што се наведува, е најголемиот весник на светот.

Читањето на вакво издание, без сомнение, ќе претставува голем проблем за сите љубители на спортот, посебно во автобус или метро, но во иднина ќе биде значаен колекционерски примерок.

 

На насловната страница се наоѓа огромна слика на атлетичарот од Јамајка, Усеин Болт покрај сликата на лондонскиот „Тауер бриџ“.

„Ова е двојно поголем формат од вообичаениот на „Л’Екип“. Поставивме нов светски рекорд во чест на сите спортски легенди. Усеин Болт е еден од великаните“, соопшти редакцијата на весникот.

Меѓутоа, тоа не е крај на изненадувањата, бидејќи „Л’Екип“ подготви и постер во природна големина на францускиот џудист Теди Ринер, кој е висок 203 сантиметри.

Би можело да ве интересира

Леброн Џејмс сака да игра на Олимпијадата во Париз – ќе го предводи дрим-тимот

Олимпиското злато и беше одземено на Русинка и доделено на Американка

А1он

Спортистите од Русија и од Белорусија ќе добијат забрана и за Олимписките Игри во Париз?

Јапонија пред договор со ИОК за организација на Олимпијадата во 2030 година

Ана Ололовска

Русија ќе се кандидира за домаќин на Летните олимписки игри 2036

А1он

САД објавија дипломатски бојкот на ЗОИ во Пекинг

А1он