Дваесет годишниот алпинист Тоше Велев од Велес се искачи на врвот „Цумштајн“ на 4.564 метри надморска височина кој се наоѓа на Апенинските Алпи на границата помеѓу Италија и Швајцарија. Велев пред десетина дена ја совлада и оваа европска височина, информира денеска за медиумите Мартин Мајсторов, портпарол на Општина Велес.
Значајно е за ова искачување е тоа што алпинистите при искачувањето, поради големите глечерски пукнатини кои се наоѓаат на планинските предели, ја користат техниката на одење во наврска.
– Враќањето, младите македонски алпинисти го искористиле за совладување и на уште еден европски врв. 2.864 метри висина од највисокиот врв во Словенија „Триглав“ беа искачени од неговата северна страна, карпа со околу 1.000 метри височина и 3.000 метри должина, соопштии Мајсторов.
Велешанецот Тоше Велев, иако е многу млад, може да се пофали дека досега ги има освоено врвовите „Мон Блан“ (4.807 метри), „Гран Парадизо“ (4.061 метри), „Елбрус“ (5.642 метри) и многу други. Во наредниот период негова желба е знамињата на Република Македонија и Општина Велес да ги постави и на врвот на Хималаите.
Од локалната самоуправа на Велес најави продолжување на поддршката на сите млади луѓе, на сите ентузијасти, научници и спортисти што имаат потенцијал и амбиции да бидат успешни.
– Нивната промоција во светот во исто време е и промоција на Велес и Македонија, потенцира Мајсторов.