Вардар подготвен за дуелот со БАТЕ Борисов

Од:

Македонскиот фудбалски шампион Вардар ги заврши подготовките за настапот в среда во квалификациите од Лигата на шампионите против белорускиот БАТЕ Борисов.

– Максимално сме подготвени за натпреварите со БАТЕ Борисов. Белорускиот шампион е силен и ние го респектираме, но веруваме и во своите квалитети и се надеваме на успех. Очекувам неколкуте нови играчи во екипата да ја оправдaат довербата и со нив Вардар да го продолжи стилот на игра од минатата сезона кога изградивме победничка концепција. Секаде одиме на победа, така ќе биде и во Белорусија, изјави тренерот Илчо Ѓорѓиоски на денешната прес-конференција во просториите на клубот.

Ѓорѓиоски упати комплименти за играта на белорускиот шампион.

– Не значи дека отсуството на Бага и на Брешан, едни од најдобрите играчи на БАТЕ Борисов, ќе ни ја олесни работата. Противникот има уште многу квалитетни играчи и доколку сакаме позитивен резултат ќе треба да дадеме се од себе против нивниот квалитетeн тим, рече тренерот на Вардар.

Капитенот на „црвено-црните“ Милан Илиевски изјави дека е голема чест да се носи капитенската лента на најтрофејниот македонски тим. Тој најави огромна борба на теренот за секоја топка и во секој дуел од страна на вардаровите фудбалери.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ