Вардар од вториот барабан во ждрепката за ЛШ

Од:

На четири дена пред ждрепката за групите во Лигата на шампионите, Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги објави и барабаните од каде ќе се влечат ривалите за една од двете најквалитетни групи.

Вардар сезонава повторно направи скок, и сега е рангиран во вториот барабан. Европскиот првак Вардар ќе биде истиот барабан заедно со ланскиот европски првак Киелце, што значи дека овој полски клуб не може да биде ривал на „црвено-црните“ во групната фаза.

Ова е првпат македонска машка екипа да тргне во ждрепката за Лигата на шампионите од вториот барабан и да биде во Топ-4 екипи. Вардар е актуелен европски првак, но при правењето на барабаните во предвид се земаат резултатите од претходните сезони. Лани Вардар беше рангиран во третиот барабан заедно со ПСЖ.

Ждрепката за новата сезона во ЛШ ќе се изврши во Љубљана на 30 јуни. Според пропозициите тимовите се поделени во осум барабани, и во секој од нив има по две екипи. Ќе се влече наизменично, една екипа во група А, а другата во група Б.

Сепак ќе има и одредени ограничувања. Екипите од иста земја нема да може да бидат во иста група во групната фаза, а тоа се однесува само за екипите од Франција, Германија, Полска и Унгарија од каде има по два тима во најсилните две групи. Единствен исклучок ќе биде трикратниот победник Кил, кој ќе игра против една германска екипа, бидејќи Кил како трето пласиран во домашното првенство влезе во ЛШ со вајлд карта.

Новата сезона во ЛШ почнува со квалификациски дуели за едно место во Ц или Д групата. За тоа место ќе се борат Спортинг (Португалија), Татран Прешов (Словачка), АЛПЛА (Австрија) и Кокс (Финска). Тие мечеви се играа од 1 до 3 септември.

Групната фаза од ЛШ почнува на 13 септември, а завршува на 4 март 2018 година. Ф4 турнирот сезонава е закажан за 26 и 27 мај 2018 година во Келн.

За време на ждрепката на А и Б групите, кај првите пет барабани нема да има никаков протекционизам и ограничувања, а потоа ќе има алокација на тимовите доколку се случи во следното извлекување да има две екипи од иста земја во иста група.

Од петтиот барабан, Висла Плоцк ќе биде во група со европскиот првак, бидејќи не може да биде со Килеце. Од шестиот барабан ПИК Сегед ќе биде во група со Барселона за да се избегне да биде заедно со Веспрем. Флензбург од седмиот барабан ќе биде заедно во група со ПСЖ, а вториот француски тим, Нант ќе го избегне ПСЖ и ќе биде заедно со Рајн Некар, а Кил ќе се приклучи на групата на ПСЖ и Флензбург.

Би можело да ве интересира

Во Вардар во Велес најдено тело на мртов маж

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ

Србија го извлече Косово – ждрепката веднаш прекинатa

Не сака да игра за репрезентацијата додека Хрватот е селектор

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Избегната тепачка на ракометен натпревар од Европската лига

Предраг Петровиќ

Македонските ракометари поуспешни од Грција во подготовките за ЕП