Ван Дајк: Изолацијата ве тера да размислите што следува по фудбалот

Од:

Столбот во одбраната на Ливерпул, Вирџил Ван Дајк, рече дека двомесечниот период без фудбал веројатно го натерал него и голем број други играчи да размислат за тоа што следува во животот после фудбалската кариера.

Последниот натпревар на Холанѓанецот беше при испаѓањето од Атлетико Мадрид во Лигата на шампионите, а тој признава дека овој период му дал можност да размислува за иднината.

„Секако изолацијата ве тера да го вреднувате животот како професионален фудбалер многу повеќе. Тешко е да не бидете на теренот, да не можете да го покажете својот талент и работа. Постои и недостаток на вкусот за победа, тренинг и полнежот пред натпревари, атмосферата на стадионот, сè. Ние поминуваме толку многу време заедно и одеднаш воопшто не се гледаме два месеци. Тоа ве тера да го вреднувате животот многу повеќе. Животот по крајот на фудбалската кариера ќе биде чуден, сигурно. Тешко е за играчите да одлучат да заминат во пензија затоа што се прашуваат што претстои за нив. Постои период на неизвесност за вашата иднина и во моментот до одреден степен тоа се чувствува, затоа што не знаеме што ќе се случи следно“, изјави Ван Дајк, цитиран од англиските медиуми.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ