Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде не сака да прејудицира што ќе се случува со клубот и каде ќе продолжи да се натпреварува по денешната прогласена независност на Каталонија од Шпанија.
– Сакам да се фокусирам на нашите обврски во областа на спортот. Пробуваме да останеме смирени и да си ја гледаме нашата работа. Сепак, ова што се случува не може да ги одмине и фудбалерите и да не делува психолошки врз нив. Работите се менуваат на секои пет минути. Не сакам да зборувам за претпоставки. Реалноста е дека викендов гостуваме во Билбао и мојата задача е да го подготвам тимот за да победи, изјави тренерот на каталонскиот тим.
Локалниот Парламент на Каталонија денеска гласаше за отцепување од Шпанија, додека централната власт од Мадрид одговори со замрзнување на автономијата на регионот.
Фудбалскиот клуб Барселона за сега одби да даде официјална изјава за ново настаната состојба.