Каталонија воведува ограничувања на водата поради сушата

Од:

Од петок во Каталонија се воведуваат ограничувања за потрошувачката на вода поради повеќемесечната суша и тие ќе погодат 6,7 милиони луѓе или 80 отсто од населението во тој регион.

Портпаролката на каталонската администрација, Патриша Плаха, рече дека засега нема да биде неопходно да се ограничи употребата на вода во домовите за миење, готвење или пиење, туку дека владата ги повикува граѓаните да ја користат водата посовесно и „да бидат свесни за ситуацијата“.

Мерките ќе вклучуваат прекин на вода за наводнување на земјоделските култури и индустрија.

На жителите на градовите нема да им биде дозволено да користат вода за пиење за миење на надворешноста на куќите или автомобилите или за полнење базени.

Фонтаните ќе престанат да работат во повеќе од 500 општини, вклучувајќи ја и Барселона, а ќе биде забрането миење на улиците со вода за пиење.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Шпанскиот парламент донесе одлука за амнестија на организаторите на референдумот во Каталонија

Каталонците излегоа на демонстрации на петгодишнината од референдумот за независност

Ана Ололовска

Каталонија сака нов референдум, но со согласност на Мадрид

Ана Ололовска

Десетици илјади Каталонци побараа независност од Шпанија

Ана Ололовска

Мадрид бара од ЕП да го направи каталонскиот прв регионален јазик во официјална употреба

Новиот топлотен бран донесе шумски пожари, кои ја опустошуваат Каталонија

А1он