Десетици илјади Каталонци побараа независност од Шпанија

Од:

Под мотото „Се враќаме на победа: Независност!“ вчера десетици илјади Каталонци протестираа на улиците на Барселона барајќи независност од Шпанија.

dobivaj vesti na viber

Има различни информации за бројот на демонстранти. Според организаторот на протестот сепаратистичкото движење на граѓани АНЦ вчера протестирале околу 400.000 луѓе, додека според полицијата – 108.000 лица. Пред пандемијата на вакви протести учествувале по повеќе од еден милион луѓе.

Можно е помал број луѓе да се појавиле поради спорови во сепаратистичкото движење. Левичарската партија ЕРЦ на регионалниот претседател Пере Арагонес, е подготвена да преговара со Мадрид, додека партијата Јунтс, која инсистира на отцепување, се во конфликт. Двете партии се дел од владејачката коалиција.

Регионалниот шеф на Владата за прв пат по долго време не учествуваше на митингот за независност.

Во краток говор, Арагонес повторно повика на референдум за независност.

Но, Владата во Мадрид тоа го отфрла, истакнувајќи оти тоа не е предвидено во Уставот. Населението на Каталонија е поделено. Според анкетите околу 50 отсто од населението сака независност, додека другата половина не.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Шпанската полиција заплени повеќе од 15 тони марокански хашиш, уапсени 49 лица

Ана Ололовска

Шпанија планира нов данок за најбогатите

Европски земји каде јавниот превоз е практично бесплатен: Туристите можат значително да заштедат

А1он

ВИДЕО: Турист нападнат од крадци со нож, тепачка и брканици сред Барселона

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Во Шпанија падна град со големина на тениско топче, загина едногодишно девојче

Голем танкер со нафта кај Гибралтар е во опасност да потоне

А1он