Валенсија заинтересирана за Џон Тери

Од:

31-годишниот капитен на Челзи, Џон Тери, би можел да биде следниот од ветераните кои ќе го напуштат клубот.

Актуелниот договор на Тери истекува во 2014 година, но во клубот веќе делумно му соопштиле дека нема да му понудат повеќегодишна соработка.

Политиката на Челзи е на играчите кои се постари од 30 години, да им нуди едногодишни договори, поради тоа клубот го напуштија Дидие Дрогба (34) и Николас Ањелка (33), а наскоро се очекува нивниот пример да го следат Франк Лампар (34) и Ешли Кол (31).

Потпирајќи се на ова, весникот Аs, објави дека Валенсија покажува интерес за Тери и дека Шпанците веќе разговарале со преставници на Челзи.

Според весникот, лондонскиот тим покажал интерес за трансферот, но не ја наведува сумата која Валенсија ја понудила за Тери.

Истиот извор пренесува дека не се исклучува можноста капитенот на Челзи веќе во јануарскиот преоден рок да го напушти клубот

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ