Уште еден дефанзивец на Ливерпул аут за дуелот со Баерн

Од:

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп призна дека дефанзивецот на „црвените“, Дејан Ловрен не спаѓа во неговите планови за првиот натпревар од елиминациската фаза на Лигата на шампионите против Баерн Минхен. Причината е повредата на Хрватот, која ја доби против Вулверхемптон минатиот месец.

– Не сакам да го исклучувам, но во моментов навистина не можам да го вклучам во плановите. Тој не е тука (Марбеља) поради добри причини, бидејќи не може да земе учество во тренинг сесиите, изјави Клоп во Шпанија, каде што тимот одржува краток подготвителен камп.

Германецот додаде дека овој викенд во базата на тимот ќе ја проценат конечно состојбата на Ловрен.

– Ако Дејан даде знак во понеделник и каже дека се чувствува одлично, тогаш ќе треба повторно да размислам за нештата, додаде уште Клоп, оценувајќи ги шансите на Ловрен да игра против Баварците како „минимални“.

Вирџил Ван Дајк е казнет за првиот дуел против Баерн, а Џо Гомез продолжува да отсуствува поради повреда. Така останува прашалник околу вториот човек во центарот на одбраната, кој ќе соработува со Жоел Матип. Најверојатно задачата ќе му биде доделена на дефанзивниот играч од средниот ред Фабињо, кој веќе неколку пати влезе во улогата на дефанзивец во сезоната.

Би можело да ве интересира

Одлични вести за „милионерите“: Клоп се враќа во Борусија?

Предраг Петровиќ

Клоп револтиран на судењето на дербито против Сити: Дали ручале во ВАР собата

Предраг Петровиќ

Фудбалерите на Ливерпул го освоија англискиот Лига куп

ВИДЕО: Огромен пожар во Ливерпул, се запали зграда која може да се урне

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Спасени родителите на Дијаз, киднаперите убиени

Киднапирани родителите на ѕвезда на Ливерпул во Колумбија

Катерина Ѓуровски