Уругвај – Франција во финалето на Мундијалот за фудбалери до 20 години

Од:

Во финалето на Светското фудбалско првенство за играчи до 20 години кое се одржува во Турција ќе играат репрезентациите на Франција и на Уругвај.

Уругвај синоќа во второто полуфинале по изведување на пенали беше поуспешен од Ирак со 7:6. Во основните 90 минути резултатот изнесуваше 1:1, а во 30-минутното продолжение немаше постигнат гол.

Претходно, во првата полуфинална средба, Франција со 2:1 ја победи Гана.

Финалето е закажано за в сабота од 20 часот, а истиот ден три часа порано е средбата за третото место меѓу Ирак и Гана.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ