Унион Олимпија со гостинска победа кај Широки

Од:

Во регионалната кошаркарска АБА лига изминатите три дена се играа натпреварите од 12. коло, кое беше комплетирано синоќа со дуелот Широки – Унион Олимпија кој му припадна на гостинската екипа со резултат 83:80.

Со оваа победа Олимпија се изедначи на табелата со бројот на бодовите со македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром кој во ова коло загуби од Партизан со 68:58.

Резултати на натпреварите: Крка – Игокеа 63:83, Раднички – Сплит 72:63, Задар – Шолнок 72:54, Будуќност – Црвена Ѕвезда 72:63 и Цибона – Цедевита 73:64.

Табела: Игокеа 10-2 (победи-порази), Партизан 9-3, Црвена Ѕвезда 7-5, Будуќност 7-5, Раднички 7-5, Цедевита 7-5, МЗТ Скопје Аеродром 6-6, Унион Олимпија 6-6, Цибона 5-7, Крка 5-7, Сплит 5-7, Широки 4-8, Задар 4-8 и Шолнок 2-10.

Би можело да ве интересира

Српските кошаркари против Литванија во финалето на Европското првенство во Ерусалим

Лекарот на српската репрезентацијата објасни зошто му е изваден бубрег на Симаниќ

Горан Наумовски

Летонските кошаркари направија изненадување и ја победија Шпанија на Мундобаскетот

Франција е елиминирана од Светското првенство во кошарка

Евролига: Макаби има нов центар

Предраг Петровиќ

Теодосиќ ќе го облече дресот на Црвена звезда

Предраг Петровиќ