Уникатната серија на Ливерпул заврши по тежок пораз од Ватфорд

Од:

Заврши серијата на Ливерпул од 18 последователни победи и 44 меча по ред без пораз во Премиер лигата.
Тимот од Мерсисајд беше совладан со 0-3 од тимот на Ватфорд, кој пред ова коло беше рангиран на претпоследното место во рангот.

Два гола на Исмаил Сар (54′, 60′) и еден на Троин Дини (72′) го донесоа заслужениот успех на „стрѓлените“ на „Викариџ роуд“.

Ливерпул го одигра својот најслаб натпревар по подолго време и го претрпе својот прв пораз уште од почетокот на јануари 2019 година, кога загубија со 1:2 од Манчестер Сити.

Со исклучок на еден удар во гредата на Адам Лалана, „црвените“ не создадоа речиси ништо интересно во предните позиции, а во одбраната делуваа невообичаено концентрирано.

Така, тимот на Јирген Клоп не успеаја да го подобрат рекордот на Манчестер Сити за најмногу последователни победи во Премиер лигата. Двете екипи остануваат со 18 последователни успеси.

Би можело да ве интересира

Одлични вести за „милионерите“: Клоп се враќа во Борусија?

Предраг Петровиќ

Клоп револтиран на судењето на дербито против Сити: Дали ручале во ВАР собата

Предраг Петровиќ

Фудбалерите на Ливерпул го освоија англискиот Лига куп

ВИДЕО: Огромен пожар во Ливерпул, се запали зграда која може да се урне

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Спасени родителите на Дијаз, киднаперите убиени

Киднапирани родителите на ѕвезда на Ливерпул во Колумбија

Катерина Ѓуровски