Уникаха и ЦСКА Москва обезбедија влез во „ТОП 16“ од Евролигата

Од:

Екипите на Уникаха Малага и на ЦСКА Москва се пласираа во „ТОП 16“ фазата од кошаркарската Евролига, откако постигнаа победи во натпреварите од 7.коло во ова елитно натпреварување. Прва пласман меѓу 16.те најдобри обезбеди Барселона во претходното коло.

Мекејлеб во победата на Фенербахче над Унион Олимпија придонесе со учинок од 13 поени и 4 асистенции, додека Перо Антиќ за Олимпијакос постигна 5 поени и 3 скокови во дуелот со Ефес Анадолу.

Учинокот од 10 поени и 4 скока на Предраг Самарџиски не беше доволен тимот на Литвос Ритас да избегне пораз на гостувањето кај Барселона, а на гостински терен загуби и Цедевита во Милано против Армани, натпревар во кој Владо Илиевски имаше ефект од 5 поени и 4 асистенции, а Маркиз Грин натпреварот го заврши со 5 поени и 4 скокови.

Резултати, двојки за 7.коло и табели во кошаркарската Евролига:

Група А: Фенербахче – Унион Олимпија 85:68, Канту – Панатинаикос и Реал Мадрид – Химки (денеска).

Табела: Реал Мадрид 4-2 (победи-порази), Химки 4-2, Панатинаикос 3-3, Фенербахче Улкер 3-3, Унион Олимпија 2-4, Канту 2-4.

Група Б: Елан Шалон – Алба Берлин 82:87, Уникаха – Асеко Проком 63:48 и Монтепаски – Макаби (денеска)

Табела: Уникаха 6-1, Макаби 5-1, Монтепаски 3-3, Алба Берлин 3-4, Елан Шалон 2-5, Асеко Проком 1-6.

Група Ц: Армани – Цедевита 75:60, Олимпијакос – Анадолу Ефес 75:53 и Жалгирис – Каха Лаборал (денеска).

Табела: Жалгирис 5-1, Олимпијакос 5-2, Анадолу Ефес 4-3, Армани 3-4, Цедевита 2-5, Каха Лаборал 1-5.

Група Д: Барселона – Литвос Ритас 90:66, ЦСКА Москва – Партизан 78:61 и Бешикташ – Бамберг (денеска).

Табела: Барселона 7-0, ЦСКА Москва 6-1, Бешикташ 3-3, Бамберг 2-4, Партизан 1-6, Литвос Ритас 1-6.

Од македонските претставници учесници во Евролигата синоќа победи со своите екипи забележаа Перо Антиќ и Лестер Бо Мекејлеб, додека загубија Предраг Самарџиски, Владо Илиевски и Маркиз Грин.

Би можело да ве интересира

Српските кошаркари против Литванија во финалето на Европското првенство во Ерусалим

Лекарот на српската репрезентацијата објасни зошто му е изваден бубрег на Симаниќ

Горан Наумовски

Летонските кошаркари направија изненадување и ја победија Шпанија на Мундобаскетот

Франција е елиминирана од Светското првенство во кошарка

Евролига: Макаби има нов центар

Предраг Петровиќ

Теодосиќ ќе го облече дресот на Црвена звезда

Предраг Петровиќ