УЕФА суспендира уште две екипи од евро-куповите

Од:

Европската фудбалска федерација (УЕФА) ги исфрли од Европската лига турските екипи Сиваспор и Есикшехирспор, иако двата клуба остварија пласман во второто по квалитет натпреварување во Европа.

Вчера УЕФА и на српскиот шампион Црвена звезда и забрани следната сезона да настапува во квалификациите од Лигата на шампионите.

За разлика од белграѓаните кои се казнети поради прекршување на финанскиот фер плеј, турските екипи се суспендирани поради учество во наместени натпревари во Турското фудбалско првенство сезоната 2010/11.

Суспензијата важи две години, а екипите имаат право на жалба до Меѓународниот спортски суд во Лозана.

Од порано е познато дека и актуелниот турски шампион Фенербахче нема да игра во евро-куповите поради казната добиена за местење натпревари.

Би можело да ве интересира

Револуцијата на ВАР технологијата – се воведува правило од тенисот

Предраг Петровиќ

ФИФА воведува новост – што значи кога фудбалер ќе покаже „Х“

Предраг Петровиќ

Човек без средно образование ја победи ФИФА: Му го украдоа изумот, на дофат 37 милиони евра отштета

Предраг Петровиќ

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати