УЕФА отвори истрага против Арнаутовиќ за инцидентот со Македонија

Од:

УЕФА денеска почна истрага против австрискиот репрезентативец Марко Арнаутовиќ поради вербалниот инцидент што фудбалерот со српско потекло го предизвика во финишот од неделниот натпревар против македонскиот национален тим во рамки на ЕУРО2020.

Европската куќа на фудбалот отвори дисциплинска постапка на барање на Фудбалската федерација на Македонија, која вчера изрази остра осуда на инцидентот и побара максимална казна за австрискиот репрзентативец.

Вербалниот инцидент се случи во 89. минута од натпреварот непосредно откако Арнаутовиќ го постигна третиот гол во победата на австриската репрезентација од 3:1 по што упати вербални навреди кон македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски.

Дисциплинскиот правилник на УЕФА предвидува минимална казна од десет натпревари доколку фудбалер биде прогласен за виновен за навреди на расна и етничка основа.

Би можело да ве интересира

Седум клубови во македонскиот фудбал под истрага за местење на натпревари

Орце Костов

ФФМ донесе одлука: Шкендија доби службена победа, а стадионот „Чаир“ доби суспензија

Шкупи и Шкендија нема да го доиграат натпреварот, одлуки ќе носи ФФМ

Катерина Ѓуровски

Обвинителството над две години истражува за сметководителката која со допишување нули извлекувала пари од ФФМ

Стартот на Втората фудбалска лига одложен за седум дена

Фудбалската лига во Македонија пропаѓа поради монополизација на пазарот

Горан Наумовски