УЕФА ја разгледува можноста српскиот фудбал да биде исфрлен од сите натпревари

Од:

Српскиот фудбал би можел да биде исклучен од сите натпреварувања на УЕФА поради расистичкиот испад на навивачите на натпреварот на Србија со Англија во Крушевац.

Уште поголем проблем создаде скандалозната реакција на ФСС од каде што убедуваа дека немало никаков расизам. Сцените од Крушевац се тема на сите светски медиуми, а насловите во британските весници ја враќаат Србија во минатото.

„Запознаени сме со се што се случуваше на натпреварот во Крушевац, меѓутоа нема да преземаме мерки се додека не стигне извештајот на делегатот. Тој е должен да го достави во рок од два дена“, информираа од УЕФА за српски „Блиц“.

ФСС веќе беше казнет за расизам во 2007. година на Европското првенство за млади поради навредите кон фудбалерот Недума Онуохе. Сега се најавува можноста дека е веројатно исклучувањето од сите натпреварувања. Одлуката е уште пореална ако се има предвид дека досега ФСС беше казнуван во неколку наврати за расизам, но и за други испади како тој во Џенова.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ