Убедлива победа на МЗТ Скопје во дуелот со Работнички

Од:

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром го добија големото македонско дерби совладувајќи го Работнички со 89:73.

На средбата од 6.коло во Супер лигата, одиграна попладнево во салата „Парк’’, триумфот МЗТ Скопје го најави уште по првата четвртина која ја доби со 25:16, за на крајот на првото полувреме сино-белите да заминат со предност од +14 поени 49:35.

Како го заврши првиот така продолжи МЗТ и во второто полувреме, а од минута во минута ја зголемуваше предноста за наголеми + 23 поени разлика во 28 минута (71:48). Актуелниот шампион рутинирано ја одржуваше предноста за на крајот да слави со конечни 89:73.

Во редовите на победничката екипа најефикасен беше Стефан Синовец со 19 постигнати поени, еден повеќе од Ѓорги Чековски.

Тодор Гечевски средбата ја заврши со „дабл-дабл„ од 13 поени и 10 скокови.
Кај домашниот тим најефикасен беше Марко Симоновски со 16 постигнати поени, додека Американецот Вилиам Колмен покрај 13 поени имаше и 6 скокови.
Од ова коло вечерав а се игра и натпреварот Куманово – Лирија, а утре во Гевгелија ќе се сретнат Кожув и Струмица.

Табела: МЗТ Скопје Аеродром 6-0 (победи-порази), Кожув 4-1, Куманово 2-3, Лирија 2-3, Работнички 2-4 и Струмица 0-4.

Би можело да ве интересира

Српските кошаркари против Литванија во финалето на Европското првенство во Ерусалим

Лекарот на српската репрезентацијата објасни зошто му е изваден бубрег на Симаниќ

Горан Наумовски

Летонските кошаркари направија изненадување и ја победија Шпанија на Мундобаскетот

Франција е елиминирана од Светското првенство во кошарка

Евролига: Макаби има нов центар

Предраг Петровиќ

Теодосиќ ќе го облече дресот на Црвена звезда

Предраг Петровиќ