Убедлив триумф на Нигерија на Купот на Конфедерации

Од:

Репрезентацијата на Нигерија високо го порази Тахити во последниот натпревар од 1.коло на Купот на Конфедерации што се одржува во Бразил.

Три голови за претставникот од Африка постигна Одуамади, Ечиејиле погоди двапати, а еднаш сопствената мрежа ја затресе Техау. Истиот играч го постигна единствениот гол за Тахити во 54.минута за во тој момент да намали на 3:1.

Ова беше средба од Б групата во која претходно Шпанија го совлада Уругвај со 2:1.

Денеска на купот е слободен ден, а за утре се закажани дуелите од 2.коло во А групата. Играат Бразил – Мексико и Јапонија – Италија.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ