Убедлив пораз за МЗТ Скопје Аеродром во второто коло од АБА лигата

Од:

Кошаркарите на македонскиот првак МЗТ Скопје Аеродром претрпеа пораз на гостувањето кај ФМП во првиот натпревар од 2.коло од АБА лигата. ФМП славеше триумф со 100:72 (25:26; 26:18; 19:17 и 30:11).

По водството на МЗТ Скопје на крајот на првиот период на полувреме ФМП го презеде водството – 51:44.

Во вториот дел „металците“ постигнаа само 28 поени, а последната четвртина убедливо им припадна на домашните кошаркари кои само ја зголемуваа предноста.

Најефикасен на дуелот беше Александар Бурсаќ од ФМП со 17 поени, додека кај МЗТ Скопје најпрецизен беше Ерик Гарсија со 16 поени. Најдобар играч на дуелот беше Немања Ненадиќ со индекс – 20.

МЗТ Скопје Аеродром по две одиграни кола има една победа и еден пораз, а по денешниот триумф истиот скор го има и ФМП.

Другите дуели од оваа рунда се играат утре и задутре, додека МЗТ Скопје во 3.коло е домаќин на екипата на Задар на 9.октомври (понеделник).

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Обрадовиќ збесна и удри човек, многумина не го видоа тоа во преносот

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Жестоко во „Пионир“: Навивачите направија хаос, натпреварот Црвена Звезда-Партизан доцнеше

ВИДЕО: Лесор суспендиран на три натпревари поради физички напад

ВИДЕО: Се пресметаа навивачите на Црвена Звезда и Будуќност на трибините во „Морача“

ВИДЕО: Убедлив пораз на МЗТ Скопје од Будуќност

ВИДЕО: Инцидент на мечот Будуќност-Мега, Американецот Рид исклучен поради брутален напад

Жарко Настоски