Тухел се надева на скоро враќање на Кавани

Од:

Тренерот на ПСЖ, Томас Тухел, се надева дека напаѓачот Единсон Кавани ќе може да игра во натпреварот од 27. коло во Лига 1против Кан. Уругвајскиот фудбалер беше повреден на почетокот од овој месец.

-Кавани најпрво треба да разговара со докторот, но се надевам дека тој ќе може да игра против Кан в саботата.

Германскиот стручњак по победата во четвртфиналето од купот против Дижон (3:0) се осврна и на играта на Леандро Паредес.

-Паредес одигра добро во првото полувреме, како и целиот тим. Во втората половина на играта, тој се префрли во средината. Леандро е во состојба да дава прецизни топки. Неговата работа е да ја забрза играта. Во принцип, ми се допадна првото полувреме и ако зборуваме конкретно – како ја поседувавме топката и со каква брзина ние делувавме, истакна Тухел.

 

Би можело да ве интересира

ПСЖ не планира да троши пари за нови засилувања

Пристигна пред само два месеци и не сака повеќе да игра за ПСЖ

Мбапе се врати во првиот тим на ПСЖ

Рокот што ПСЖ му го даде на Мбапе истекува денеска

Предраг Петровиќ

Сензација на повидок: Мбапе во Ливерпул

Предраг Петровиќ

ПСЖ го исфрли Мбапе од тимот и порача: „Килијан е на продажба“

Предраг Петровиќ