Рокот што ПСЖ му го даде на Мбапе истекува денеска

Од:

Денеска е одлучувачки ден кога е во прашање сагата околу Килијан Мбапе и францускиот ПСЖ.

Францускиот клуб на почетокот на јули му постави ултиматум на Мбапе, кој се сведува на тоа дали ќе го продолжи договорот или не.

Неговиот рок истекува вечерва на полноќ, а доколку остане на ставот дека не сака да го продолжи договорот, ќе има само две опции, од кои пореална е дека цела сезона ќе ја помине на трибините и потоа ќе си замине од клубот како слободен играч на крајот од сезоната.

Имено, доколку остане играч на ПСЖ до 1 август, Мбапе ќе добие 80 милиони евра во вид на бонус за лојалност. Тоа воопшто не му се допаѓа на првиот човек на ПСЖ, Насер Ал-Хелаифи бидејќи не сака да дава толку пари на играч кој ќе има само уште една сезона во играчкиот кадар.

Не е тајна дека стрелецот на 212 и асистирани 98 гола во 260 натпревари за ПСЖ веќе се договорил со Реал Мадрид, а тоа е нешто што воопшто не му се допаѓа на Ал-Хелаифи.

Богатиот Катаранец му даде рок до вечерва да потпише нов договор, во спротивно ќе седи цела сезона на трибините.

Секако, постои можност ПСЖ да го продаде, но од Реал бараат 250 милиони евра, што е цифра со која кралскиот клуб не сака да се согласи.

Порано ПСЖ прифати 300 милиони за Мбапе од Ал-Хилал, но Французинот не сакаше да прифати едногодишен договор од саудискиот клуб „тежок“ дури 700 милиони евра.

Би можело да ве интересира

Маскиран, Мбапе е снимен како излегува од ноќен клуб за време на натпреварот Франција-Израел

ПСЖ не планира да троши пари за нови засилувања

Гледањето на Реал Мадрид на стадион станува луксуз

Предраг Петровиќ

Мбапе не смее да ја носи маската со која тренираше

Предраг Петровиќ

Санирана е повредата на Мбапе, нема потреба од итна операција

Горан Наумовски

Мбапе и официјално потпиша за Реал Мадрид, познато е и кој број ќе го носи

Предраг Петровиќ