ПСЖ го исфрли Мбапе од тимот и порача: „Килијан е на продажба“

Од:

Францускиот репрезентативец Килијан Мбапе е исфрлен од Пари Сен Жермен и нема да учествува на турнејата на овој клуб во Јапонија.

Згора на тоа, постои можност Мбапе никогаш повеќе да не заигра за ПСЖ, кој според француските медиуми го ставил напаѓачот на трансфер листата. Затоа секој што сака да го купи ќе има дозвола од ПСЖ, секако со обештетување.

Причината е што ПСЖ верува дека Мбапе договорил сè со Реал и дека на лето 2024 година, кога ќе му истече договорот, ќе замине бесплатно на Сантијаго Бернабеу.

– Никој не е поголем од клубот и вратата е отворена за сите оние кои не се среќни – наводно порачале од ПСЖ.

„Лекип“ посочува дека Мбапе уште порано му кажал на првиот човек на клубот дека не сака да го продолжи договорот кој истекува за една година, но истовремено дека не сака да го напушти клубот и дека сака тоа да одработи до крај.

Би можело да ве интересира

„Марка“: Мбапе потпиша договор со Реал Мадрид

Реал реши да го „казни“ Мбапе, му дава 100 милиони евра помалку од пред две години

Мбапе играше со посебен детал на дресот, Французите го објаснија новитетот што го воведоа

Пристигна пред само два месеци и не сака повеќе да игра за ПСЖ

Реал нема да потпише договор со Мбапе во овој преоден рок

Мбапе се врати во првиот тим на ПСЖ